Опис
Luda Mara Red Cuvée е модерно црвено вино со комплексен карактер и добро балансирана структура. Комбинацијата на сорти создава богати ароми на темно овошје, капини и црна рибизла, надополнети со суптилни зачински нијанси. Во вкусот е полно, меко и долго, со елегантен завршеток. Совршено се комбинира со месни специјалитети, скара и зрели сирења.
